Грузија
Имеретија
Кутаиси
Мај
Датум | Сместување | Услуга | Тип на соба | Цена за | Цена |
---|---|---|---|---|---|
22.05.2025 - 25.05.2025 | Хотел 4* | 4 ноќевања со појадок | Двокреветна | возрасен | |
22.05.2025 - 25.05.2025 | ПРОМО ЦЕНА ДО 28.02.2025 | 4 ноќевања со појадок | Двокреветна | возрасен |
Грузија e една од најстарите христијански земји во светот. Високите храмови и вековните манастири со антички слики го нагласуваат посебното значење на религијата во историјата на Грузија. Симболично и посебно е да се помине христијанскиот празник Св.Кирил и Методиј во вековната православна земја.
Во цената е вклучено:
Организиран автобуски превоз Битола-аеродром Солун-Битола
Авионски превоз Солун-Кутаиси со Wizzair (рачен багаж 40 x 30 x 20 cm)
Превоз со автобус за сите денови;
Превоз со џипови 4х4 на планината Гергети;
Хотелско сместување на база 4 ноќевања со појадок(3 НП во хотел 3* во Тбилиси/1 НП во хотел 4* во Кутаиси)
Посета на винарија со храна и вино во Сагурамо
Свечана вечера во грузиски ресторан со фолклор
Локален професионален водич како и пратител од агенцијата за цело време од патувањето
Вода (2 x шишиња по лице дневно)
Забава и други услуги:
Екскурзии во согласност со програмата
Влезници во согласност со програмата
Сите даноци и туристичка такса
Во цената не е вклучено:
Патничко осигурување 360 денари
Трансфери од останати градови во Македонија 15 Еур (повратно)
Екскурзија Казбег-Гудаури со ручек 70 Еур
Лични трошоци
Доплата за поголем багаж (10 kg-40 Eur 20 kg-60 Eur)
Сопствен превоз до аеродром Солун се одбива 30 еур од цената
Услуги што не се споменати во оваа програма
ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција
Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Важат општите услови на ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
https://turist.com.mk/opsti_uslovi.php
Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см
Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
22.05.2025 (Четврток) - Скопје-Битола-Солун-Кутаиси
Состанок на групата на Спортска Сала Битола во 13:00 часот. Поаѓање за аерoдром Солун со попатни паузи. Пристигнување на аеродром во Солун околу 18:00 часот. Лет за Куатиси во 21:30 часот по грчко време. Пристигнување на аеродромот во Кутаиси во 00:55 часот локално време. Организиран трансфер до Кутаиси и ноќевање во хотел Best Western 4* во Кутаиси. Ноќевање.
23.05.2025 (Петок) - Кутаиси-Сагурамо-Мтсхета-Тбилиси
Појадок. Краток панорамски разглед на градот и запознавање со главните атракции на градот. Попатно посета на една од најпознатите винарии во Сагурамо – Гурамшвили Марани, со можност за вкусување на локални вина и храна (вклучено во цена). Винаријата е позната по традиционалните рецепти на правење вино од автохтони грузиски сорти на грозје кои ги има повеже од 5000! Заминување за Мцхета – историски град и античка престолнина сместена на 25 километри од Тбилиси. Посета на два главни споменици на христијанската архитектура во Мцхета – катедралата Светицховели и манастирот Жвари. Двата споменици се вклучени во Светското наследство на УНЕСКО. По барање на клиентите при посетата на величествениот храм Светицховели (Животворен, Живоносен столб) во манастирот Самтавро ќе се поклониме на гробот на отец Гаврил или Старец Гаврил Грузиски, кој никогаш не останува осамен. Постојано има народ кој го посетуваат и му се поклонуваат, земаат малку земја од него за благослов и му се молат на предопобниоит новомаченик и исповедник на верата Христова. https://monkgabriel.ge/srb/index.htm Нашата екскурзија продолжува кон манастирот Жвари кој датира од 6ти век и се наоѓа на листата на УНЕСКО. Пристигнување во Тбилиси вечерта и сместување во хотел Holiday Inn Express 3*. Слобoдна вечер за прошетка и посета на некој од многуте ресторани. Ноќевање.
24.05.2025 (Сабота) - Тбилиси разглед (Св.Тројца- Тврдината Нарикала-Стар Тбилиси-Руставели)
Појадок. По појадокот започнуваме обиколка на Тбилиси и ги посетуваме сите главни атракции на градот. Од Легвтахеви продолжуваме да пешачиме во старите населби на Тбилиси – лековитите сулфурни бањи, улиците Шардени и Ерекле II, плоштадот Мајдан, модерниот стаклен мост на мирот и авенијата Руставели. Овие области имаат многу кафулиња на отворено, барови, уметнички галерии, продавници за ракотворби и сувенири. Слободно попладне. Вечера во традиционален грузиски ресторан Shadow of Metekhi со фолклорни претстави (ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНА).Ноќевање – Тбилиси.
25.05.2025 (Недела) - Тбилиси-Ананури-Гудаури-Кавказ-Гергет
Појадок. Доколку дозволуваат временските прилики ФАКУЛТАТИВНО (70 ЕУР) заминување на Кавказ и застанување кај акумулацијата Жинвали, за да го посетиме архитектонскиот комплекс Ананури. Продолжете со возењето кон планинскиот Кеви и пристигнуваме до градот Казбеги, административниот центар на покраината. По пат ќе направиме неколку застанувања на преминот Крос (2395 m) за да ги вкусиме минералните води и да ги набљудуваме водопадите и снежните врвови на планините Кавказ. Од градот Казбеги возиме до планината Гергети со џипови 4×4 за да ја посетиме црквата Света Троица Гергети која се наоѓа на врвот на планината. По екскурзијата во Гергети ручек во локално семејство со традиционална кујна -Хинкали (вклучено во цена) По разгледувањето на Кеви, се враќаме назад во Тбилиси. Слободна вечер за одмор и прошетка. Ноќевање - Тбилиси.
26.05.2025 (Понеделник) - Тбилиси-Гори-Музејот на Сталин-Гелати -Кутаис
Појадок и одјавување од хотелот. Продолжете со истражување на регионот Картли. Го посетуваме Гори – градот што се наоѓа во центарот на регионот Картли. Во подножјето на ридот со песочни камења стои средновековната тврдина Цхра-кара „Деветкарата“. Одиме на кратка прошетка и продолжуваме до музејот на Ј.В. Сталин. Екскурзијата во музејот од советската ера ќе трае околу 1 час. Музејот се состои од 3 локации: главната зграда содржи предмети поврзани со неговиот живот, куќата во која е роден и неговиот личен железнички вагон. Заминување за Кутаиси и посета на Академијата Гелати и манастирскиот комплекс од 12 век. Продолжуваме кон аеродромот во Кутаиси и лет во 19,00 часот. Пристигнување во Солун во 20,45 часот по локалкно време. Заминување за Македонија. Пристигнување во Битола после полноќ. Организирани трансфери по градови.
ТА Турист 2024