string(2) "22"
string(0) ""

Рим

Рим

Држава

Италија

Регион

Лацио

Град

Рим

Категорија

8ми Март

ДатумСместувањеУслугаТип на собаЦена заЦена
08.03.2025 - 11.03.2025 Хотел Best Western Astrid 3* Ноќевање со појадок Двокреветна возрасен

1

Регионот Лацио со главниот град Рим, познат е како „срцето на Италија“. Рим „вечниот град“, “Caput Mundi”, најмоќниот град во историјата на цивилизацијата кој со векови не го губи приматот на Европски и светски центар на уметноста, културата, религијата, политиката и богатството…се наоѓа во централниот дел на Апенинскиот полуостров, на реката Тибар и се простира на познатите седум брда. Во Рим се наоѓа единствената Папска држава Ватикан, што го прави еден од најголемите светски центри за аџилак, археолошките остатоци на големиот антички Рим се секако прва и најстара причина за посета на овој град…град кој ќе Ви остане во длабоко сеќавање, град кој има единствен сплет на историјата, непроценливи уметнички вредности, традиција, магична привлечност на славната Италијанска кујна, музика и неодолив шарм…ова се некои од причините поради кои Рим го посетуваат милиони туристи.

2

Ватикан со водич и влезница–пријавување и уплата во агенцијата 60 Є
Тиволи со водич и влезница–пријавување и уплата во агенција 60 Є
Пешачка прошетка низ центарот на Рим 20 Є
3

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација Скопје-Рим-Скопје со вклучени аеродромски такси
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
- Трансфери во Рим од Аеродромот до Хотелот и обратно
- Сместување во Хотел Best Western Astrid 3* во Рим https://www.hotelastrid.com/en/ на база 3 ноќевања со појадок
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
- Доплата за куфер за чекирање со максимум 10 или 20kg
- Туристичка такса 6 евра на ден (се плаќа во хотелот на рецепција)
- Факултативни излети: Посета на Ватикан со вклучена влезница 65 евра, Тиволи 65 евра
- Организирана пешачка прошетка низ центарот на Рим 20 евра
- Факултативна вечера во ресторан
- Влезници во музеите и културно историските споменици
- Kарти за локален превоз (метро)
- Патничко – здравствено осигурување

4

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
Се применуваат и важат 
Општите услови за патување на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )

5

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

6

Ден 1

08. Март (Сабота) СКОПЈЕ - РИМ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 15:15 часот. Полетување за Рим во 16:50 и слетување во 18:45 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Вечерна прошетка во центарот на Рим и уживање во атмосферата на римските кафулиња. Ноќевање.

Ден 2

09. Март (Недела) РИМ
Појадок. Прошетка до Шпанските скали познати како "дневна соба на градот" со посета на Плоштадот на Народот. Прошетката продолжува до Фонтаната Ди Треви со легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим. Слободно време за уживање, да се почувствува атмосферата со “вистинско” италијанско кафе. Попладневна прошетка низ центарот на Рим и уживање во убавините на градот: Плоштадот Венеција со прекрасниот Плоштад Кампидољо, Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Колосеумот, Римскиот Форум, Пантеон, Плоштадот Кампо де Фиори... Слободно време за шопинг по познатата улица Виа Дел Корсо. Ноќевање.

Ден 3

10. Март (Понеделник) ВАТИКАН
Појадок. Факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхитувачките колекции на слики,скулптури, стари мапи и таписерии, незаобиколната Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела и најголемата Црква на светот Св. Петар... Попладневна прошетка преку мостовите на Тибар покрај Палатата на Правдата и Тврдината Сан Ангело, до Плоштадот на уметниците со прекрасните фонтани – Плоштадот Навона. Препорачуваме вечера во боемскиот кварт Трастевере во национален ресторан – траториа, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.

Ден 4

11. Март (Вторник) РИМ - ТИВОЛИ - СКОПЈЕ
Појадок. Факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д'Есте. Ренесансната палата е единствена по своите илјада фонтани, а најубавите од нив имитираат звуци на птици и музички инструменти. Трансфер до аеродромот во Рим. Полетување за Скопје во 19:10 и слетување во 20:50 часот.

img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Објект
Немате избрано објект.

Соба
Немате избрано соба.

Цена на соба

0.0 мкд

Доплати
Цена на доплати

0.0 мкд

Факултативи
Цена на факултативи

0.0 мкд

Вкупно

0.0 мкд

Патуваме заедно со Вас од 1994 година.

Резервација
Цена на соба

Цена на доплати

Цена на Факултативи

Вкупна цена

Патници

Возрасни
1