Крф

Крф

Држава

Грција

Регион

Остров Крф

Град

Ипсос

Категорија

Мај

1

Апартманско сместување:
Апартманите се во Ипсос или Дасиа.
Сите соби имаат мини кујна со основен прибор, тераса, тоалет
Секоја соба е опремена со постелнина и ќебe
Агенцијата не гарантира дека секој апартман има безжичен интернет
Климата се употребува по желба (со доплата)

Хотелско сместување:
Хотелот се наоѓа во местото Дасиа
Во понудата има вклучено појадок
Собите се класично хотелски и немаат кујна
Постојат дво, три и четирикреветни соби
Климата се употребува по желба (со доплата)
Хотелот има безжичен интернет, (но не гарантираме за квалитетот на истиот)

Информации, доплати:
Доплата за сингл соба е 70% дополнително од цената на аранжманот
Деца од 0-03 години – бесплатно
Деца од 3 до 12 години (со двајца возрасни) плаќаат 70% од сумата на аранжманот
Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите
Седиште на барање се доплатува по желба 10  по лице

2

02.05.2024 (четврток) МАКЕДОНИЈА - ГРЦИЈА
Состанок на групата кај хотел Континентал околу 22:00 часот.
Ноќно возење преку ГП Богородица - Гевгелија или ГП Меџитлија - Битола.
Царински формалности.
Попатни паузи на секои 3-4 часа.

03.05.2024 (петок)  ИГУМЕНИЦА - КРФ
Пристигнување на пристаништето во Игуменица, со траект до островот Крф.
Предвидено пристигнување на пристаништето на Крф во попладневните часови.
Трансфер до Ипсос и Дасиа, каде групата ќе биде сместена.
Слободно време, одмор и можност за запознавање со околината.
Околу 17;00 ч. започнува официјалниот дел од програмата, се упатуваме кон градот Крф.
Попатно ќе имате прилика да слушнете се за островот, градот, традициите, историјата, а потоа и панорамски разглед на стариот дел од градот, новата тврдина, старата тврдина, пристаништето. Кратка прошетка низ стариот дел од градот, покрај црквата на најзначајниот светец на островот, Свети Спиридон каде се наоѓаат и неговите мошти.
Свои програми и изведби имаат хоровите, кои го одбележуваат Велики Петок. 
Со тажни и посмртни маршеви на класична музика се одбележува Христовото страдање.
Мали девојчиња ги украсуваат епитафите со цвеќиња, а во церемонијата учествуваат и училиштата и момчињата од извидничките одреди.
Последниот Епитаф, кој е и најимпресивниот се појавува во 22:00 часот.
По завршувањето на првиот дел од програмата, следува враќање во сместувачките капацитети, ноќевање.

04.05.2024 (сабота) ОСТРОВ КРФ
Ипсос е место кое во текот на летниот период изобилува со туристи.
За време на Велигденските празници, местото изгледа сосема поинаку, мирно и идеално за убав сон, кое ќе ви овозможи да се разбудите свежи и одморени за започнувањето на следење на вториот дел од свечената традиција.
Првото Воскресение започнува веќе во 09;00 часот наутро, каде под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островот.
Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат.
Откако ќе заврши парадата, следи локален обичај – кршење на глинените ќупови.
Точно во 11:00 часот, црковните ѕвона го означуваат „утринското воскресение“ и од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото.
Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри.
Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година.
Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика.
Веќе во 14:00 часот враќње во Ипсос и Дасиа, слободно време за одмор и индивидуални активности, се до 21:30 часот, кога повторно се тргнува кон градот за проследување на последниот дел од традиционалната прослава, односно Христовото воскресение.
На полноќ, илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христовото Воскресение со спектакуларен огномет, кој привлекува илјадници туристи, но и жители од целиот остров.

ЧЕТВРТ ДЕН  05.05.2024 (недела)
Некаде околу 11;00 часот групата ќе има можност факултативно да го посети местото кое е најголемата атракција на осторовот, местото Палеокастрица.
Оваа посета не би била комплетна доколку попатно не се застане во фабриката „Мавроматис“, за производство на слатки и ликери од локалното овошје Кум Куат.
Ова овошје по потекло е од Кина и поради специфичните услови кои му се потребни за да расте, успеал само на островот Крф и одредена територија во Шпанија.
Тука ќе се запознаеме со начинот на производство преку еден краток филм, а потоа сите гости ќе се упатат на шанкот за дегустација каде ќе имаат прилика да ги пробаат ликерите кои се произведуваат од овошјето и исто така да си купат дел од истите.
Потоа се упатуваме кон Палеокастрица, местото кое се смета за вистински рај на земјата.
Неговите плажи со години го добиваат епитетот „најубави“ во Европа, поради неверојатно тиркизната боја на морето, која се должи на тоа што пределот е доста карпест, а тоа носи и доста поладна вода за разлика од другите плажи на островот.
Ќе имате прилика да уживате токму во тие убавини. На благ видиковец над Палеокастрица се наоѓа и манастирот од 13-век, Света Богодорица, од кој се пружа прекрасен поглед на заливите и самото место, како и аквариум со терариум каде ќе можете да се запознаете со животинскиот свет на островот, но и светот.
Некаде по попладневните часови се враќаме во сместувачките капацитети и следува слободно време. Ноќевање.

06.05.2024 (понеделник) ОСТРОВ КРФ - ИГУМЕНИЦА
Во договорено време, во утринските часови, одјавување од апартманите, а групата се упатуваме кон популарното место Канони (факултативно).
Канони е местото со најубавиот видиковец и поглед кон островот на Глувчињата, црквата Влахерна, а има поглед кон еден од најмалите аеродроми во Европа.
Во текот на летниот период е главна туристичка атракција бидејќи туристите имаат прилика да ги гледаат пристигнувањата на авионите, буквално над нивните глави.
Тука ќе се задржиме околу еден час, а потоа со традиционално грчко бродче се упатуваме кон интересното островче Mouse Island или Понтикониси (црквата Пантократор), како и црквата Panagia Vlaherna, каде ќе има доволно слободно време.
По завршувањето на разгледот, со траект се патува до Игуменица.
Потоа следува враќање во Македонија, со попатни паузи.

07.05.2024 (вторник) МАКЕДОНИЈА
Пристигнувањето е планирано во утринските часови.

3

Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис 20 Є
Посета (аквариум опционално) 7 Є
Видиковецот Канони и Mouse Island или Понтикониси (црквата Пантократор) 20 Є
3

Туристичка такса по соба на ден (се плаќа во објектот) 5 Є
Патничко-здравствено осигурување 4 Є
3

Во цената Е вклучено:
Три ноќевања со појадок во вили: во Ипсос или Дасиа или хотел Victoria Hill во Дасиа 
Автобуски превоз
Повратен билет за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица
Комплетно следење на програмата за Велигден во градот Крф (2 посети на градот)
Панорамски разглед и прошетка во градот Крф
Туристички придружник/водич за време на престојот и патувањето

Во цената НЕ Е вклучено:
Туристичка такса 1,50 € од ден по соба
Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис 20 € (аквариум опционално 7 €)
Посета на видиковецот Канони и Mouse Island или Понтикониси (црквата Пантократор), мало островче, како и црквата Panagia Vlaherna 20 €

Пакет за двете факултативи  35 € по лице
Задолжително патничко осигурување  300 денари по лице
Индивидуални трошоци

5

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

Ценовник

ДатумУслугаТип на собаЦена
02.05.2024 - 07.05.2024 Ноќевање со појадок Двокреветна
02.05.2024 - 07.05.2024 Наем Студио
02.05.2024 - 07.05.2024 Ноќевање со појадок Еднокреветна
02.05.2024 - 07.05.2024 Ноќевање со појадок Студио
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Соба
Немате избрано соба.

Цена

0.0 мкд

icon

Get the latest news and offers

Subscribe to our newsletter

Резервација
Цена

Патници

Возрасни
01
Деца
0
Бебиња
0