string(2) "40"
string(0) ""

Тоскана

Тоскана

Држава

Италија

Регион

Тоскана

Град

Монтекатини

Категорија

Велигден

ДатумСместувањеУслугаТип на собаЦена заЦена
17.04.2025 - 22.04.2025 Хотел 3* 3 ноќевања со појадок Двокреветна возрасен
17.04.2025 - 22.04.2025 Хотел 3* Промо цена Двокреветна возрасен

1

Промо цена 189 € по лице со задолжителна резервација на пакет факултативи по цена од 120 € (редовна цена 130 €), се плаќаат во автобус,
Редовна цена на аранжманот: 229 €
Тоскана ја сметаат за најубавиот дел од Апенинскиот Полуостров поради нејзините 120 заштитени зони со бајковита природа, прекрасни селца, а најмногу поради градовите со исклучителна архитектура, меѓу кои најпознати се Фиренца, Пиза, Сиена, Сан Џимињано и Лука кои се прогласени за дел од светското културно наследство.

2

Сиена и Сан Џимињано (трансфер, водич) 50 Є
Посета на Фиренца 30 Є
Чинкве Тере - трансфер+воз+водич+посета на Пиза 50 Є
Сиена и Сан Џимињано
50 €
Детални информации
Чинкве Тере - Пиза
50 €
Детални информации
Фиренца
30 €
Детални информации
3

Цената на аранжманот вклучува:
3 ноќевања во хотел 3* со појадок во Монтекатини, Lido Di Camiore или областа
Автобуски превоз на дадената релација
Посета на Болоња
Организација со професионален туристички придружник на патувањето

Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес

Цената на аранжманот не вклучува:
Посета на Сиена и Сан Џимињано (трансфер, водич) – 50€
Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, CinqueTerre card – воз до 5-те места, користење на wi-fi, трансфер од железничка до центар на Ла Специја, водич) и посета на Пиза – 50€
Посета на Фиренца – 30€ задолжителна факултатива
Туристичка такса (10 € за вкупниот престој, се плаќа во автобус)
Патничко здравствено осигурување 
Индивидуални трошоци (влезници за објекти…)

Доплати:
За еднокреветна соба се доплаќа 70% од аранжманот
Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%

5

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

6

Ден 1

17.04.2025 (четврток) Скопје – Италија
Состанок на групата во 11:00ч. на Дрводекор. Поаѓање за Италија во 11:30ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.

Ден 2

18.04.2025 (петок) Болоња
Попатно посета на Болоња (пристигнување во зависност од попатните околности) и следува пешачки разглед на градот. Ќе имате можност да се запознаете со универзитетска Болоња – величествен средновековен град со ренесансни палати и аркади, замоците “близнаци“, плоштадот Маџоре, палатата на кралот Енца, базиликата на Свети Петрони, фонтаната Нептун… За Болоња важат епитетите – учена, црвена и дебела. Учена бидејќи тука е основан првиот Универзитет во Европа, црвена поради бојата на фасадите и крововите и дебела поради својата богата кујна. По разгледот и кратката пауза (вкупно 2-3 часа), следува поаѓање за Монтекатини. Сместување во хотел и слободно време за одмор. Во вечерните часови организирана прошетка низ Монтекатини. Ноќевање.

Ден 3

19.04.2025 (сабота) Cinque Terre - Пиза
Појадок. После појадкот заминување на целодневна посета до најпознатите и најживописни селца на Италијанската ривиера. Разглед на  регионот со водич. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк Cinque Terre. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен  туристички центар. Враќање во La Spezia. Потоа се упатуваме кон Пиза, град на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата Duomo, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање.

Ден 4

20.04.2025 (недела) Сиена – Сан Џимињано
Појадок. После појадокот заминување на целодневен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, PallazoSalimbeniи Piazza Salimbeniи плоштадот Del Campo - плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio. Слободно време за прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano, типично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIIIи XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини. Слободна вечер. Ноќевање

Ден 5

21.04.2025 (понеделник) Фиренца  – Македонија
Појадок. После појадокот, заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата Медичи кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата Уфици, Мостот Понте Векио, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити…Во попладневните часoви поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. 

Ден 6

22.04.2025 (вторник) Фиренца  – Македонија
Пристигнување во Македонија во попладневните  часови.

img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Објект
Немате избрано објект.

Соба
Немате избрано соба.

Цена на соба

0.0 мкд

Доплати
Цена на доплати

0.0 мкд

Факултативи
Цена на факултативи

0.0 мкд

Вкупно

0.0 мкд

Патуваме заедно со Вас од 1994 година.

Резервација
Цена на соба

Цена на доплати

Цена на Факултативи

Вкупна цена

Патници

Возрасни
1