Словенија
Горењски
Крањска гора
Јуни
Датум | Сместување | Услуга | Тип на соба | Цена за | Цена |
---|---|---|---|---|---|
05.06.2025 - 10.06.2025 | Хотел 4* | 3 ноќевања со појадок | Двокреветна | возрасен | |
05.06.2025 - 10.06.2025 | Хотел 4* | 3 ноќевања со појадок | Еднокреветна | возрасен |
ВЕЛИГДЕНСКА АЛПСКА ПРИКАЗНА
КЛАГЕНФУРТ-МИНИМУНДУС-ХАЛШТАТ-САЛЗБУРГ
6 дена 3 ноќевања со појадок
Во цената на се вклучени следните услуги:
Превоз со туристички автобус
Сместување во хотел „Ramada Resort”4* во Крањска Гора
Три ноќевања со појадок
Користење на базенот во хотелот
Посета на Клагенфурт со локален туристички водич
Влезница во Минимундус
Посета на Халштат и Салзбург со туристички водич
Посета на Блед
Организација на аранжмано
Придружник на патувањето
Во цената не се вклучени следните услуги:
Користење на wellness центарот во хотелот
Туристичка такса 10€ за 3 вечери (се плаќа во агенцијата)
Патничко осигурување
Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см
Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
05.06.2025 година (четврток)
Заминување во 17:00 часот на групата од Кавадарци и во 19:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Словенија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.
06.06.2025 година (петок)
Пристигнување во Крањска Гора во пладневните часови. Сместување во хотел Ramada Resort 4* (hit-alpinea.si) во двокреветни соби. Слободно попладне за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Хотелот располага со wellness центар и внатрешен базен, а се наоѓа на само неколку минути од центарот на ова мало, перфектно уредено туристичко место со стари градби во алпски стил. Ноќевање.
07.06.2025 година (сабота)
Појадок. Заминување на групата на целодневен разглед со локален туристички водич на Клагенфурт, некогашно седиште на една од најголемите европски монархии, еден од градовите кој грижливо негува се` што историјата оставила во аманет. Започнуваме најпрво со обиколка на минијатурниот парк Минимундус направен од макети на најзначајните градби од целиот свет. Денес во него се наоѓаат повеќе од 150 макети во различна градба во размер 1:25. Тука се Статуата на Слободата, Лондонскиот часовник, Ајфеловата кула, Операта во Сиднеј, Таџ Махал, Белата куќа, а „најголемата“ минијатура е модел од базиликата „Свети Петар“ во Рим. Целиот приход од паркот Минимундус се наменува за добротворни цели. Слободно време за прошетка низ паркот кој е единственото место каде е прикажан светот во мало. Потоа продолжуваме кон центарот на Клагенфурт, град за чие основање се раскажуваат легенди, град што ќе ве одушеви со колоритните улици, а со градбите ќе ве врати во времето на Марија Терезија и дворските балови. Се простира на Врбското Езеро за кое е поврзана легендата за малото човече со буре во рака од кое тече вода, бидејќи се прикажува дека на местото на денешното езеро некогаш одамна постоел град. Според преданието жителите на овој град постеле. За време на една прослава се појавило мало човече кое им кажало дека не е дозволено за време на пост да прославуваат, но жителите не го послушале. Човечето се појавило уште два пати да ги предупреди, а третиот пат со себе донело буре полно со вода кое не се затварало... од него течела вода се додека целиот град не се потопил и така се создало езерото. Од тогаш низ улиците на целиот град има поставено споменици со неговиот лик. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови враќање во хотелот во Крањска Гора. Ноќевање.
08.06.2025 година (недела)
Појадок. Потоа заминување на групата со локален туристички водич кон Австрија на целодневен разглед на градот Халштат за да се увериме како навистина изгледа една бајка која сме ја замислувале кога сме биле деца. Малиот град со само 1000 жители е сместен во срцето на Австриските Алпи на брегот на истоименото езеро, во областа која од 1997 година е под заштита на УНЕСКО и годишно го посетуваат околу 800.000 туристи. Пред повеќе од десетина години кинески архитекти и градежници се приклучиле кон една обична група на туристи, го разгледале селото, го фотографирале и измериле од сите страни, и веднаш започнале да градат копија на истиот град во кинеската провинција Guangdong. За копијата да биде верна на оригиналот направиле и вештачко езеро, но сепак не успеале докрај да ја пренесат магијата окована во Австриските Алпи. Разгледот на градот се мери во минути во кои ќе забележите безброј детали кои ќе сакате да ги фотографирате... шарени куќи од чии дрвени тераси се спуштаат цвеќиња, сувенирници, тесни улички, шатки и лебеди кои го вознемируваат спокојот на алпските врвови кои се отсликуваат во езерото. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се упатуваме кон градот Салзбург, родното место на Моцарт. Разгледување на стариот дел на градот кој е под заштита на УНЕСКО со лиценциран туристички водич: Стариот плоштад и Плоштадот на Моцарт, Катедралата од 8. век, Манастирот Св.Петар од 7.век, Бискупската резиденција со прекрасната фонтана од 16.век... Слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови се враќаме назад во хотелот во Крањска Гора. Ноќевање.
09.06.2025 година (понеделник)
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на бонус излет кон Блед, бисерот на Словенските Алпи, вистинско богатство на природата опкружено со планинските врвови. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање во кафе и познатите бледски кремпити. Факултативно, можност да се возите со традиционален чамец-плетно по Бледското Езеро до единствениот природен остров во Словенија. Посета на барокната Црква „Света Марија“ во која се наоѓаат одлично сочувани фрески , како и да заѕвоните за среќа и исполнување на желбите на прочуеното „Ѕвонче на желбите“, изградено 1534 година во Падова кое со својата атракција привлекува многу туристи (со доплата). Во пладневните часови заминување на групата кон Македонија.
10.06.2025 година (вторник)
Ноќно возење, попатни одмори, царински формалности.
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
ТА Турист 2024