Атина-Егина-Пелопонез-Сунион

Атина-Егина-Пелопонез-Сунион

Држава

Грција

Регион

Атика

Град

Атина

Категорија

Мај

1

ВЕЛИГДЕН 2024

(Атина-Егина-Пелопонез-Сунион)

ГРАТИС ЕКСКУРЗИЈА СУНИОН-АПОЛОНОВИОТ БРЕГ

2

02.05.2024 (Четврток) Македонија-Атина 
Состанок групата на Спортска сала Битола во 20,30 часот.
Поаѓање во 21:00 часот.
Ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.

03.05.2024 (Петок) Атина разглед – Акропол – Глифада 
Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омонија, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, Универзитет…  Посета на Акропол (доплата за влезница 20 Еур) -Пропилеј, Партенон, Ерџтејон со професионален водич. Спуштање во самото срце на Атина-Плака, со можност за прошетка и уживање во многуте локални продавници и ресторани. Заминување за Глифада и  сместување во хотел на прекрасна локација покрај плажа и зеленило во една од најмонденските населби на Атина. Слободно попладне. Вечерта можност за ноќна посета на Атина и дистриктот Плака, кој посебно е убав навечер. Ноќевање.

04.05.2025 (Сабота) Атина-Коринт-Пелопонез  
Појадок. Целодневна екскурзија на Арголида (факултативно 40 Еур): Коринтски канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус  – најакустичниот антички амфитеатар (влезница 12 еур), Микена -древниот град на митскиот крал Агамемнон (влезница 12 Еур) и завршуваме со прекрасното монденско гратче Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и можност да уживаме во ова надалеку познато место изградено во типичен венецијански стил. Планиран одмор со можност за ручек во една локалните таверни кои ги посетуваат илјадници туристи кои специјално доаѓаат за да ги вкусат медитеранските специјалитети. Заминување за Атина и враќање во хотел. Слободна вечер со можност за прошетка и уживање во монденската Глифада или пак индивидуална посета на Атина ( јавен превоз).  Можност за посета на локалната црква и присутво на велигденска литургија. Во Грција Велигден се слави на посебно свечен начин и со многу активности. Ноќевање.

05.05.2024 (Недела) Велигден на  Егина 
Појадок. Слободен ден за прошетка и уживање во прекрасната Глифада или во Атина. Можност за Факултативна – еднодневна екскурзија на островот Егина (50 Еур) која преставува незаборавно искуство на овај магичен остров, а посебно на најголемиот христијански празник – Велигден. Овој остров е дел од Саронските острови и се наоѓа на околу 30 километри од Атина. Егина е дом на многу антички урнатини (вклучувајќи го и познатиот храм Афаја), неверојатни плажи, шармантни селца и пристаништа. Плус, во минатото градот Егина кратко бил престолнина на Грција. Ќе ја посетиме црквата посветена на Свети Нектариј Егински, подигната од старец Нектариј Виталис со помош на верното население, и каде што старецот за време на својот земен живот служел и живеел. Потоа одиме да се поклониме на гробот на скороупокоениот старец Нектариј Виталис. Можност за велигденски ручек во одличните таверни покрај море на Егина уживајки во медитераснката храна и сонце. Поаѓање кон пристаништето во Пиреја со попатен панорамски разглед  на познатата Пиреја. Враќање во Глифада. Слободна вечер. Ноќевање.

06.05.2024 (Понеделник) Атина-Сунион-Македонија 
Појадок. Слободно  претпладне со мoжност за прошетка и уживање во прекрасната Глифада или Атина, како и можност за Факултативна екскурзија (10 Еур) покрај Аполоновиот брег на Атика: летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и  рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно и пат со прекрасни панорамски глетки покрај море- вистинско уживање.  Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат над самиот рт’ во слава на богот Посејдон и местото каде по легендада Егејско море е наречено во чест на кралот Егеј.Враќање во Глифада. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во доцните вечерни часови. Организирани трансфери до градови. Крај на аранжманот.

3

Излет на Велигден Пиреа-Егина 50 Є
Арголида - Пелопонез (превоз + влезници) 40 Є
Сунион и Аполоновиот брег - гратис 0 Є
3

Туристичка такса 5 Є
Патничко-здравствено осигурување 4 Є
3

Во цената се вклучени следниве услуги:
Превоз со високо туристички автобус
3 ноќевања со појадок во хотел 4* во Глифада https://www.londonhotelathens.com/
Организиран разглед на градот со локален водич
Организација и водство на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:
Факултативен излет на Велигден  Пиреа-Егина  (50€)
Факултативен излет Сунион и Аполоновиот брег (гратис ексурзија)
Екскурзија  на Арголида – Пелопонез (40€ + влезници)
Туристичка такса 1,50€ по соба од ден, наплата на рецепција во хотел

5

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

Ценовник

ДатумУслугаТип на собаЦена
02.05.2024 - 06.05.2024 Ноќевање со појадок Двокреветна
02.05.2024 - 06.05.2024 Ноќевање со појадок Еднокреветна
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Соба
Немате избрано соба.

Цена

0.0 мкд

icon

Get the latest news and offers

Subscribe to our newsletter

Резервација
Цена

Патници

Возрасни
01
Деца
0
Бебиња
0