Јужна Италија

Јужна Италија

Држава

Италија

Регион

Сорентски полуостров

Град

Соренто

Категорија

Октомври

Ценовник

ДатумСместувањеУслугаТип на собаЦена
10.08.2024 - 01.01.1970 Хотел 3* Ноќевање со појадок Двокреветна
10.08.2024 - 01.01.1970 Хотел 3* Ноќевање со појадок Еднокреветна

1

НАЈДОБРОТО ОД CAMPANIA – PUGLIA & BASILICATA !

2

Капри 70 Є
Полудневен излет за Амалфи и Позитано 55 Є
Посета на Помпеа & Неапол 35 Є
Посета и разглед на Матера 15 Є
3

Дек-седишта Драч–Бари-Драч 1/4 кабина по лице во правец 10 Є
Дек-седишта Драч–Бари-Драч 1/3 кабина по лице во правец 15 Є
Дек-седишта Драч–Бари-Драч 1/2 кабина по лице во правец 20 Є
4

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : 
Автобуски превоз на горенаведената релација,
Разглед на Неапол со стручен водич;
4 ноќевања со пијадок во Соренто (околина) во хотел со 3*;
Бродски превоз (дек-седишта) на релација Драч – Бари - Драч
Посета на Алберобело; разглед на Неапол со стручен водич;
Посета на Соренто;
Посета на Бари и базиликата на Св.Никола; 
Организација, водство и реализација на аранжманот;

ТРАНСФЕР на ПАТНИЦИ без надокнада од Куманово, Скопје, Велес, Кавадарци, Прилеп; 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : 
Факултативните излети и посети;
Влезниците при посета на културно-историските споменици;
Патничкото осигурување; такса за престој – 1,5 ЕУР по лице (се плаќа на рецепција);

6

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

7

Ден 1

(08.10.2024 – вторник) БИТОЛА
Состанок на групата на градската автобуска станица во 13:00 часот. Поаѓање за Албанија во 13:30 часот. Патот води преку Охрид, Струга, г.п.Ќафасан...пристигнување на пристаништето во Драч во касните попладневни часови. Трансфер на траект. Поаѓање за Бари во 22:00 часот. Ноќевање.

Ден 2

(09.10.2024 – среда) БАРИ – АЛБЕРОБЕЛО – СОРЕНТО
Пристигнување во главниот град на регионот Puglia - Бари во 08:00 часот. Авантурата започнува со упатување кон Алберобело – мало гратче оддалечено околу 70 км. Југоисточно од Бари, град на Trulo куќарки – единствен во светот (заштитен од УНЕСКО) изграден со цел да се измами тогашната власт...целата приказна започнува со грофот Aquaviva кој ги преселува своите закрепостени селани на тој простор, да го исчистат истиот и го претворат во обработливо земјиште, а истовремено направи населба која брзо може да се сруши и брзо изгради, се со цел да се избегнат даноците кои ги наметнале тогашните властелини. Така се роди Borghi piu belli d’Italia (едно од најубавите села во Италија)...слободно време за лутање, фотографирање и кафе пауза низ уличките на оваа уникатна туристичка атракција, посетена од илјадници туристи од целиот свет...патувањето продолжува кон регионот Campania, пристигнување во Соренто во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови – по желба, вечерна прошетка низ централното градско подрачје на Соренто. Ноќевање.

Ден 3

(10.10.2024 – четврток) ПОМПЕА – НЕАПОЛ
Појадок. По појадокот - заминување за Помпеа...факултативна посета на најпосетуваниот археолошки локалитет во Италија, град кој трагично престана да егзистира во 79 година н.е. како последица од вулканската ерупција на вулканот Везув...градот со околу 20.000 жители бил затрупан со 7 м. пепел случајно бил откриен кон крајот на 18.век и денес претставува еден од најголемите археолошки паркови во светот, со перфектно зачувани стамбени згради, храмови, театри, дворци и термални бањи – посетен од преку 2 милиони туристи годишно...на пладне – поаѓање за Неапол, разглед (панорамска и пешачка тура) на главниот град на регионот Campania со стручен водич...обиколка на Градскиот плоштад – Piazza di Plebiscito, Општинската зграда, замокот Castelo Nuovo, Театарот San Carlo, палатата Reale, Шпанскиот кварт, црквата San Francesco, како и најстарата пицерија во Неапол и воопшто во Италија, пицерија чии гости биле Софија Лорен, Бред Пит, Анџелина Џоли, Мадона – Da Mateo...слободно време за истражување на живописниот и полн со бои стар дел на градот наречен Spaccanapoli…состанок на групата на претходно договореното место во 19.00 часот…враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 4

(11.10.2024 – петок) КАПРИ – СОРЕНТО
Појадок. По појадокот – факултативен целодневен излет за островот Капри, единствен и уникатен пример на спој на природни убавини, стара архитектура и гламур...поаѓаме со хидроглисер од Соренто и на Капри се пристигнува на Marina Grande...оттаму, со организиран превоз стигнуваме до гратчето Ана Капри – лутиот соперник на градот Капри во средниот век. Прошетка низ Ана Капри со локален водич. Слободно време за индивидуален разглед на местото. Слегуваме (со организиран превоз) до истоимениот главен град на островот...посета на Градините на Царот Августин, Via Crupp, Marina Picola, локалитетот Faraglione (3-те стени, симболот на островот), Piazza Umberto со надалеку познатата камбанарија од 17.век и сатот обложен со мајолика...можност за прошетка низ старите улици, продавници со локална роба, сувенирници, како и бутиците со фирмирана роба од највисок квалитет...состанок на групата на претходно договореното место во 18.00 часот. Поаѓање за Соренто. Слободно време за индивидуален разглед на градот...плоштадот Torquato Tasso, црквата San Antonio, villa Comunale, улицата Via Corso Italia...Состанок на групата на претходно договореното место во 21.30 часот. Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 5

(12.10.2024 – сабота) ПОЗИТАНО – АМАЛФИ
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуален разглед на градот или факултативен целодневен излет за Амалфи и Позитано – „бисерите“ на туристичката понуда на Италија…2-та града се секоја година во првите 10 најбарани дестинации во Италија, како за викенд, така и за летен одмор од страна на туристите...Се упатуваме во Позитано - едно од најмонденските места во Италија...прошетка и разглед на ова прекрасно рибарско место со шарени куќи сместени на карпи каде што ќе можете да направите прекрасни слики...Заљубени во неговите тесни кривулести улици, куќи кои датираат од средниот век, многу познати личности од светскиот џет-сет купиле имоти во ова мало место. Во договорено време, од малото пристаниште во Позитано, со брод се упатуваме кон Амалфи...прекрасна можност да се воодушевувате и ја доживеете Амалфитанската обала од една друга перспектива. По пловење од отприлика 20-на минути, пристигнуваме во Амалфи...Амалфи беше првиот град кој воспостави силна поморска врска со Византија и Блискиот Исток. Над гратчето стрмо се издигнува планината Lataro, која го затвора местото од копно и така оневозможува ширење на местото...од друга страна, поради оваа причина, од гратчето има прекрасен поглед кон морето. Амалфи е под заштита на УНЕСКО заради својата исклучителна убавина. Овде ќе се прошетаме до катедралата Св. Андреја која има впечатливо скалило и украсна фасада...на крајот - овие 2 прекрасни места ќе Ве остават без здив...враќање во Соренто во касните попладневни часови. Слободно време за индивидуален разглед на градот...Ноќевање.

Ден 6

(13.10.2024 – недела) МАТЕРА – БАРИ
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање за регионот Basilicata и посета на Матера, некогашен главен град на овој регион (1663 – 1806). Главна атракција на овој магичен град е централното градско подрачје наречено Sassi - просторот каде што времето застанало. Градот се стекнал со најразлични имиња – „Поезија во камен“, „Урбан феномен“, „Библиски пејсаж“...низ ова „Чудо од архитектура“ ќе прошетаме покрај пештерските куќи стари 9000 години кои, како во временска машина - Ве враќаат назад и Ве шетаат низ вековите. Заради уникатната, единствена архитектура во Матера се снимени над 40 филмови, но најголемата популарност ја доживува со Мел Гибсон и снимањето на својот филм “Пасија” во 2004 година. Слободно време за индивидуален раглед на местото, со препорака за посета на катедралата од 1268.година...поаѓање за Бари во попладневните часови, со посета на базиликата Св.Никола и поклонение на неговите мошти. Трансфер на траект. Испловување од Бари во 22:00 часот. Ноќевање.

Ден 7

(14.10.2024 – понеделник) ДРАЧ – БИТОЛА
Пристигнување во Драч во утринските часови. Поаѓање за Битола...пристигнување во Битола во попладневните часови.

img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Објект
Немате избрано објект.

Соба
Немате избрано соба.

Цена

0.0 мкд

icon

Get the latest news and offers

Subscribe to our newsletter

Резервација
Цена

Патници

Возрасни
01
Деца
0
Бебиња
0