Пуља

Пуља

Држава

Италија

Регион

Апулија

Град

Бари

Категорија

Јуни

1

Пуља е сместена на петата од италијанската чизма, на крајниот југоисток на Апенинскиот Полуостров. Богатата историја, прекрасните плажи, сликовитите гратчиња, префинетата автентична италијанска храна и вино се само некои од причините поради кои треба да се посети. Пуља е вистинска дестинација за гурманите, љубителите на културата, активностите на отворено и прекрасната природа. Позната е по одличното маслиново масло, вино, сирењето моцарела, тестените, а нејзините пејзажи се исто толку импресивни, како и самата локална гастрономија.

2

16 Јуни (Недела) СКОПЈЕ – ТИРАНА – БАРИ
Состанок на договореното место во 04:15 ч. трансфер до Аеродромот во Тирана.
Полетување за Бари во 11:35 и слетување во 12:45 ч.
Трансфер до хотелот и сместување.
Разглед на главниот град на регионот Пуља – Бари.
Посета на најпозната знаменитост, базиликата Св. Никола.
Во центарот се театрите Петруцели и Маргерита...
Прошетка по Променадата Лунгомаре Императоре Аугусто. Ноќевање.

17 Јуни (Понеделник) БАРИ – АЛБЕРОБЕЛО
Појадок. Можност за факултативна прошетка до Алберобело, посебно место со типичните куќи ‘’Trulli‘’, конусни кровови, без материјал за врзување.
Исклучиво направени од неправилни парчиња камен. 
Шармантното, романтично и единствено место.
Враќање во хотелот во Бари во вечерните часови. Ноќевање.

18 Јуни (Вторник) БАРИ – АЛТАМУРА - МАТЕРА
Појадок. Целодневен факултативен излет во Алтамура и бисерот на регионот Базиликата, градот Матера. Алтамура е светски позната по палеонтолошкото наоѓалиште „човек од Алтамура“, калцифицирани остатоци стари околу 170.000 години, а пронајдени во блиската варовничка пештера. Разглед на средновековниот центар и посета на катедралата Санта Мариа Асунта. Кратко возење до познатата Матера, исклучително живописен град изграден на варовнички карпи полни со подземни ходници и пештери. Поинаква од останатите италијански гратчиња, Матера со својата архитектура, повеќе потсетува на Блискиот исток отколку на Европа. Матера е навистина посебна затоа што значаен дел од градот е вклопен во самите карпи. Разглед на стариот дел од градот, кој е под заштита на УНЕСКО - Саси ди Матера, прошетка по Сасо Барисано со богато украсени портали и Сасо Кавеосо како некој театар, куќи во пештери кои степенасто се спуштаат кон градот. Во текот на разгледот ќе прошетаме по Пјаца Виторио Венето, катедралата , фонтаната на љубовта... Токму поради нејзиниот изглед, многу често се користела како локација за снимање филмови, меѓу кои и Пасија на познатиот глумец и режисер Мел Гибсон. Враќање во Бари во вечерните часови. Ноќевање.

19 Јуни (Среда) БАРИ – ХОТЕЛ LIDO TORRE EGNATIA МОНОПОЛИ
Појадок. Организиран превоз до Хотел Lido Torre Egnazia и сместување. Слободни време за уживање покрај море. Вечера. Ноќевање.

20 Јуни (Четврток) ХОТЕЛ LIDO TORRE EGNATIA МОНОПОЛИ
Појадок. Слободен ден за уживање на плажа. Вечера. Ноќевање.

21 Јуни (Петок) ХОТЕЛ LIDO TORRE EGNATIA МОНОПОЛИ
Појадок. Слободен ден за уживање на плажа. Вечера. Ноќевање.

22 Јуни (Сабота) ХОТЕЛ – ПОЛИЊАНО А МАРЕ – БАРИ - ТИРАНА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно претпладне за уживање на плажа. Препорачуваме факултативна посета на Полињано а Маре, за многумина едно од најубавите приморски гратчиња во Пуља. Ова е една од најважните антички населби, а до денес, гратчето успеало да ја задржи автентичноста и шармот. Камените улици, мирните плоштади и мистичните морски пештери даваат посебна магија. Во градот се наоѓа скулптура на кантавторот Доменико Модуњо и скалите Воларе, по неговиот голем хит, кои водат до панорамската точка на карпата од која се пружа прекрасен поглед на градот и плажата. Трансфер до Аеродромот во Бари. Полетување за Тирана во 23:05, слетување во 23:55 часот и трансфер до Скопје.

3

Алберобело 45 Є
Алтамура и Матера 45 Є
Полињано а Маре 45 Є
3

3

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски превоз на релација Тирана-Бари-Тирана со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж (1 торба/ранец со димензии 40х30х20cm до 10kg)
Трансфер на релација Скопје-Тирана-Скопје
Трансфери аеродром-хотел и обратно, и трансфер од едниот до другиот хотел
Сместување во Хотел B&B Hotel Bari Rondò 3* во Бари, 3 ноќевања со појадок
Сместување во Хотел Lido Torre Egnazia 3* во Монополи, 3 полупансиони, вклучени лежалки на плажата
Организирани прошетки според програмата
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
Доплата за куфер за чекирање со максимум 10kg или 20kg
Туристичка такса (се плаќа во хотелите на рецепција)
Факултативни излети, со локален превоз и водич
Алберобело 45 евра
Алтамура и Матера 45 евра
Полињано а Маре 45 евра
Влезници во музеите и културно историските споменици
Билети за јавен превоз
Патничко – здравствено осигурување

4

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
Важат Општите услови на СКТМ и ТУРИСТ

 

 

5

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

Ценовник

ДатумУслугаТип на собаЦена
16.06.2024 - 22.06.2024 Ноќевање со појадок Двокреветна
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Соба
Немате избрано соба.

Цена

0.0 мкд

icon

Get the latest news and offers

Subscribe to our newsletter

Резервација
Цена

Патници

Возрасни
01
Деца
0
Бебиња
0