Евиа-Скијатос-Св.Давид

Евиа-Скијатос-Св.Давид

Држава

Грција

Регион

Остров Евиа

Град

Едипсос

Категорија

Мај

1

24-27 Мај 2024
Св. Кирил и Методиј
Едипсос-Скијатос-Св.Давид 
4 дена/3 ноќи/3 екскурзии

2

24.05.2024 (петок) БИТОЛА – ЕВИА
Тргнување од Битола во 01:00 часот од на Спортска сала. (Можност за организиран трансфер од други градови со доплата) Патување кон Грција со кратки попатни застанувања за одмор. Во утринските часови пристигнување во местото Глифа. Качување на траект. Возењето трае 30 минути. Симнување во местото Агиокамбос. Продолжување на патувањето за Едипсос. Сместување на групата во хотел-апартмани во Едипсос во непосредна близина на бањата и шеталиштето. Запознавање со местото и можност за одмор, прошетка и капење во пријатната и лековита минерална вода на бањата. Слободно време. Ноќевање.

25.05.2024 (сабота) Евиа – Скијатос
Појадок. Слободно претпладне. Можност за факултативна (25 Еур) посета на островот Скијатос – еден од најпопуларните острови во Грција, познат по златните песочни плажи, зелената шумска природа и прекрасната атмосфера. Овој остров, иако не е многу голем, нуди многу забава за сите возрасти, па затоа е омилен и помеѓу младите, но и помеѓу семејствата кои патуваат заедно. Во градот можете да уживате на прошетка покрај пристаништето, да седнете во една од многуте таверни, да навлезете низ тесните улички со продавници, а тука се и прекрасните кафулиња каде може да се освежите со превкусен коктел. За забавата на младите навечер се задолжени неколку дискотеки, а за прекрасните сончеви денови имате голем избор на неверојатни плажи. Ќе имаме можност да го разгледаме главниот град на островот и да уживаме во пријатната атмосфера на тесните улички и безброј мали дуќани. И се разбира ќе имаме можност да застанеме на Koukounaries -најпознатата плажа со најситниот златен песок која им нуди на туристите кристално чиста вода и уживање покрај шума. Враќање на Евиа. Слободно попладне. Ноќевање 2.

26.05.2024 (недела) Евиа – Разглед на островот – Едипсос, Св.Давид
Појадок. Можност за факултативна (15 Еур) организирана посета на Манастирот Св. Давид, кој е четврти по значење на манастирите во цела Грција, после манастирите на Света Гора и  Метеори. Давид го основал манастирот во 16 век, кој сега го носи неговото име, на рушевините на претходната црква која ја уништиле турците после напуштањето на Евиа. Свети Давид, заштитникот на островот Евиа, познат е по своите исцелителски и пророчки способности. Го оставил зад себе манастирот чија црква е посветена на Преображенито, која секојдневно прима голем број на верници од цела Европа. Враќање во Едипсос. Слободно попладне. Ноќевање.

27.05.2024 (понеделник ) Евиа – Едипсос – Македонија
Појадок. Слободно претпладне за користење на бањите во Едиспсос. Напуштање на хотелот. Преку Агиокамбос, со траект до Глифа. Во вечерните часови пристигнување во Битола. Трансфер до останати градови.

3

Посета на манастирот Св.Давид 15 Є
Екскурзија до островот Скијатос 25 Є
3

Повратен трансфер од останати градови 10 Є
3

Во цената Е вклучено:
Превоз со современ туристички автобус;
Сместување во апартмани во Едипсос
3 ноќевања со појадок  https://www.kiapekos.gr
Превоз со траект на релација Глифа – Агиокампос
Придружник на групата од агенцијата организатор
Трошоци за организација на патувањето.

Во цената НЕ Е вклучено:
Патничко осигурување
Личен трошок на патникот
Посета на манастирот Св.Давид 15Є
Екскурзија до островот Скијатос  25Є
Повратен трансфер од останати градови 10Є

4

5

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

Ценовник

ДатумУслугаТип на собаЦена
24.05.2024 - 27.05.2024 Ноќевање со појадок Двокреветна
24.05.2024 - 27.05.2024 Ноќевање со појадок Еднокреветна
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Соба
Немате избрано соба.

Цена

0.0 мкд

icon

Get the latest news and offers

Subscribe to our newsletter

Резервација
Цена

Патници

Возрасни
01
Деца
0
Бебиња
0