Италија
Апулија
Бари
Септември
Датум | Сместување | Услуга | Тип на соба | Цена за | Цена |
---|---|---|---|---|---|
09.07.2024 - 01.01.1970 | за уплата до 01.07 | 6 ноќевања со појадок | Двокреветна | Возрасен |
28.460,00 денари (459 €) -30 € попуст за ЦЕЛОСНА УПЛАТА до 01.07.2024 !
30.320,00 денари (489 €) – редовна цена
Пуља е сместена на петата од италијанската чизма, на крајниот југоисток на Апенинскиот Полуостров. Богатата историја, прекрасните плажи, сликовитите гратчиња, префинетата автентична италијанска храна и вино се само некои од причините поради кои треба да се посети. Пуља е вистинска дестинација за гурманите, љубителите на културата, активностите на отворено и прекрасната природа. Позната е по одличното маслиново масло, вино, сирењето моцарела, тестените, а нејзините пејзажи се исто толку импресивни, како и самата локална гастрономија.
Алтамура – Матера | 25 Є |
Остуни – Лече | 25 Є |
Мартина Франка – Таранто | 25 Є |
Во цената на аранжманот Е вклучено:
Автобуски превоз на горенаведената релација;
Бродски превоз Драч – Бари - Драч (билет за “deck” - седишта);
2 ноќевања со појадок во хотел со 3*/4 во Бари;
4 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Полињано а Маре;
Разглед на Бари со стручен водич
Посета на Алберобело
Организација, водство и реализација на аранжманот;
Трансфер на патници без надокнада од Скопје, Велес, Кавадарци и Прилеп;
Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
Факултативните излети и посети;
Влезниците при посета на културно-историските споменици;
Патничкото осигурување – без франшиза 300,00 ден. по лице;
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
Валидноста на патните документи и патничко осигурување се обврска на патникот.
Важат општите услови на ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
https://turist.com.mk/opsti_uslovi.php
Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см
Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
07.09.2024 - сабота БИТОЛА - ДРАЧ
Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 13.30 часот...поаѓање за Албанија во 14.00 часот. Патот води преку г.п. Охрид, Струга, Елбасан...пристигнување во Драч околу 19.30 часот. По краткиот одмор и чекирањето на билетите – трансфер на фери брод околу 21.00 часот. Испловување за Италија во 23.00 часот. Ноќевање.
08.09.2024 - недела : БАРИ
Пристигнување на пристаништето во Бари околу 8.00 часот. По царинските формалности, се упатуваме на разглед на градот...Обиколка на старата Bari Vecchia (стариот град) е совршена можност да се заглавите во срцето на овој главен град на Пуља. Областа Сан Никола се протега помеѓу двете пристаништа во Бари, старото и новото, со поглед на морскиот брег на Бари. Историскиот центар на градот, кој датира од средниот век, е опкружен со ѕидови од Норманскиот замок (12.век) кои доминираат овде и е една од иконите на Пуља. Кога шетате низ лавиринтот на тесните улички, застанете за да им се восхитувате на жените кои подготвуваат типични апулиски тестенини „орекиет“, рачно направени на традиционален начин...Следната станица може да биде само базиликата San Nicola, една од највпечатливите и најзначајните верски објекти во Италија, место каде се чуваат моштите на Св.Никола. Конечно, Lungomare Imperatore Augusto нуди совршена можност да му се восхитувате на Јадранското Море и на некои од најубавите градби во градот, како Teatro Petruzzelli, Piazza Ferarese Mercantile, Corso Vittorio Emanuele…пријатен и релаксирачки за шетање, центарот е преполн со типични ресторани каде што можете да ги вкусите вкусните локални јадења. Се на се - совршен град не само за оние кои го сакаат морето, туку и за страствените истражувачи. Сместување во хотел. Ноќевање.
09.09.2024 - понеделник : БАРИ – АЛТАМУРА – МАТЕРА
Појадок. Денес е „праисториски“ ден, ден за посета (факултативно) на пештерата Ламалунга (во близина на Алтамура) каде ќе бидете сведоци на фосил стар повеќе од 100.000 години... Во трудот од 2015 година објавен во Журналот за човечка еволуција, беше објавено дека фосилот е неандерталец, а датирањето на калцитот откри дека коските се стари помеѓу 128.000 и 187.000 години. „Човекот“ од Алтамура е еден од најкомплетните палеолитски скелети што некогаш биле откриени во Европа и го претставува најстариот примерок од неандерталската ДНК што е успешно секвенционирана. Патувањето продолжува кон Матера – редок скапоцен камен на регионот Базиликата и претставува волшебно чудо на времето. Посетата на овој Лукански град е како преживување на славното минато. Наликува на мала и прекрасна сцена на раѓање, поради што е познат како „вториот Витлеем“, обезбедувајќи позадина за филмови како „Евангелието според Свети Матеј“ на Пјер Паоло Пацолини и „Страдањата на Христос“ на Мел Гибсон. Историјата на Матера датира од палеолитските населби, додека првата неолитска керамика во Матера датира од околу 7500 години п.н.е., кога во селата се произведувала керамика од теракота. Изграден на вкоренето праисториско село, градот најверојатно има грчко потекло. Во времето на Magna Graecia, Матера делел блиски односи со колониите на јужниот брег, станувајќи трговска и транзитна рута во римско време. Тој беше домаќин на клучните имиграции на Византиски и Бенедиктински монаси, кои ги трансформираа пештерите од огромната долина Гравина во карпести цркви. Симболот на градот се „Саси“, пештери ископани во планината каде што живееле локалното население додека не биле принудени да се населат во модерни сместувачки капацитети во 1950-тите. Занемарен долги години, Саси од Матера влезе во списокот на светско наследство (UNESCO) како пример на вековен начин на живот што треба да се зачува и да се предаде на потомството. Матера е восхитувачки пример за одржлив начин на живот. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Враќање во Бари во касните попладневни часови. Ноќевање.
10.09.2024 - вторник : БАРИ – АЛБЕРОБЕЛО – ПОЛИЊАНО а МАРЕ
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување за Алберобело – главниот град на „трулите“, извонредно сведоштво за градба од сув камен со покриви во форма на конус или пирамида, ќе ве маѓепса со пространство од повеќе од 1.500 трули кои се на списокот на светско наследство на UNESCO од 1996 година. Историјата на Алберобело не е толку стара колку што може да се мисли. Градот, како што можеме да видиме денес, бил основан на крајот на 14 век по налог на грофовите од Конверсано, земјопоседници кои го довериле управувањето со територијата на некои селани. Законот на Кралството Неапол бараше плаќање данок за секое ново изградено село и, според некои студии, трулите се резултат на измама смислена за да се избегне плаќањето на тие даноци. Изгледот на овие згради мораше да биде намерно несигурен за да се даде идеја за згради кои лесно може да се урнат во случај на инспекција…слободно време за индивидуално истражување на тесните улички и сокаци на Rione Monti и Rione Aia Picola, две засебни целини кои го сочинуваат ова бајковито место...Се упатуваме кон Полињано а Маре. Сместување во хотел. Ноќевање.
11.09.2024 Среда ПОЛИЊАНО А МАРЕ
Уживајте овие денови во кристално чистите води на Јадранското море, Апулијската гостопримливост, неверојатно вкусната кујна, запознајте се и воодушевувајте се на културно-историското наследство на Пуља!
12.09.2024 Среда ПОЛИЊАНО А МАРЕ
Уживајте овие денови во кристално чистите води на Јадранското море, Апулијската гостопримливост, неверојатно вкусната кујна, запознајте се и воодушевувајте се на културно-историското наследство на Пуља!
13.09.2024 Четврток : ПОЛИЊАНО А МАРЕ
Уживајте овие денови во кристално чистите води на Јадранското море, Апулијската гостопримливост, неверојатно вкусната кујна, запознајте се и воодушевувајте се на културно-историското наследство на Пуља!
14.09.2024 - сабота : ПОЛИЊАНО а МАРЕ – БАРИ
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Поаѓање за Бари, можност за посета на некој трговски центар, или слободно време за шопинг...собир на групата во 19.00 часот. Трансфер на траект. Испловување за Албанија во 22.00 часот. Ноќевање.
15.09.2024 - недела : ДРАЧ – БИТОЛА
Пристигнување во Драч околу 08.00 часот. Поаѓање за Македонија и пристигнување во Битола околу пладне.
Крај на програмата.
ТА Турист 2024