Грција
Остров Санторини
Периса
Септември
Датум | Сместување | Услуга | Тип на соба | Цена за | Цена |
---|---|---|---|---|---|
05.09.2024 - 10.09.2024 | Хотел 3* - за уплата до 01.08.2024 | 3 ноќевања со појадок | Еднокреветна | возрасен | |
05.09.2024 - 10.09.2024 | Хотел 3* - за уплата до 01.08.2024 | 3 ноќевања со појадок | Двокреветна | возрасен |
Монденски, најромантичниот остров на светот Санторини! Тркалезниот архипелаг на вулкански острови, 200 км југоисточно од копното на Грција, со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви е една од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце.
Се наоѓа во Егејското море и припаѓа на групата острови Киклади. Опфаќа територија од околу 96 км2, должина на обала од околу 69 км. Западната страна на островот, која е свртена према вулканот е карпеста и стрмна и се вика Калдера. На југоисточниот дел се наога варовитовулканска планина Меса Воуно. Климата е умерена и е медитеранска. Во текот на летото дува североисточен ветер - мелтеми, а во зимата температурата никогаш не паѓа под 10 степени. Дожд врне понекогаш во зима, а во текот на летото нема врнежливи денови
Целодневен излет низ Санторини (автобус + водич) по лице | 45 Є |
Крстарењето со брод - по лице | 45 Є |
Посета на винарија (влезница+дегустација на вина) по лице | 30 Є |
Во цената Е вклучено:
Автобуски превоз на горенаведената релација;
3 ноќевања со појадок во хотел со 3* или 4* во Периса;
Трансфер со брод на релација Пиреа-Санторини-Пиреа;
Трансфер со автобус од пристаниште во Санторини–хотел–пристаниште;
Ноќна посета на Фира
Пратител на групата од агенцијата
Организација и реализација на аранжманот.
Трансфер на патници, без надокнада од Струга, Охрид, Прилеп, Велес и Скопје
Во цената НЕ Е вклучено:
Факултативните излети и посети,
Влезниците при посета на културно-историските споменици;
Патничкото осигурување;
Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см
Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
05.09.2024 – четврток : БИТОЛА
Состанок на групата на Градската Автобуска станица во 16.45 часот. Поаѓање за Грција во 17.00 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Птолемаида, Вериа, Катерини, Ламиа...ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.
06.09.’24 – петок : ПИРЕА – САНТОРИНИ
Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Слободно време за краток одмор. Во 06.30 часот – трансфер на траект и поаѓање за Санторини во 07.30 часот. Планирано пристигање на Санторини околу 15.30 часот. Сместување во хотел. Слободно време за одмор или уживање на плажата во Камари/Периса...Во вечерните часови – прошетка низ ФИРА главниот град на Санторини, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање. Во полноќните часови со нашиот автобус, враќање во Камари/Периса. Ноќевање.
07.09.2024 – сабота : САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот – Ви нудиме целодневен факултативен излет...посета на Акротири, последните остатоци од Миноанската цивилизација, место кое многумина го споредуваат со Помпеа, затрупано со вулканска лава во 2-от век п.н.е. Можност за посета на прекрасно сочуваните куќи, скали, улици кои го краселе тоа место тогаш...посета на „црвената плажа“, можност за фотографирање...патувањето продолжува кон брдото Профитис Илиас – највисоката точка на островот, можност за прошетка низ главното двориште на истоимениот манастир...стигнуваме до градот ФИРА - главниот град на островото, уникатно место на светот, единствено по своите бели куќички со сини покриви и сводови...прошетка по Калдерата се до ФИРОСТЕФАНИ и ИМЕРОВИГЛИ (најскапите и најлуксузните делови од градот Фира), како и прошетка до месноста Скарос, место на кое во средниот век се наоѓал најубавиот Венецијански замок...слободно време за индивидуален разглед на местото истражувајќи го истото низ неговите тесни улички како од бајките и нивните продавници за сувенири...во касните попладневни часови – Ве водиме во OIA (Иа)... можеби сте слушнале, можеби сте гледале на слики, сега е време да ја почувствувате магичноста на едно од најпознатите светски залези на сонцето кое се случува токму на тоа место...питорескната ИА, изградена на северниот дел од Калдера од каде се гледа остатокот на островот и Егејското море била испирација за многу поети, сликари и писатели...враќање во хотелот во вечерните часови. Слободно време, или посета на некој од ноќните барови во Камари/Периса. Ноќевање.
08.09.2024 – недела : САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот - слободно време или факултативно крстарење...посета на Неа Камени (новонастанатиот вулкан ПЕС – обавезна доплата од 2,5 € за искачување до врвот на истиот на лице место) – можност за фотографирање покрај активниот кратер...продолжуваме кон островот Тирасија, можност за кафе-пауза или ручек во таверните кои се поставени на самото море...крстарењето продолжува кон Палиа Камени (стариот вулкан), каде ќе имате можност за капење во термалните води...пловидбата продолжува долж сртот на островот, од каде се гледаат градовите Иа и Фира...враќање во хотел. Ноќевање.
09.09.2024 – понеделник : САНТОРИНИ – ПИРЕА - БИТОЛА
Појадок. По појадокот – одјавување и заминување од хотелот околу 12.00 часот. Факултативна посета на на најубавата и една од таков вид винарија во Грција - Koutsoyannopoulos Winery - Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во должина од 300 метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите 14 генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес. По посетата на винаријата околу 14 часот, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на фери. Денско и ноќно пловење према Пиреа. Пристигнување на пристаниште во Пиреа околу 23:30 часот.
10.09.2024 – вторник : ПИРЕА - БИТОЛА
Пристигнување во Битола во раните утрински часови.
ТА Турист 2024