string(1) "9"
string(0) ""

Будимпешта

Будимпешта

Држава

Унгарија

Регион

Централна Унгарија

Град

Будимпешта

Категорија

Велигден

ДатумСместувањеУслугаТип на собаЦена заЦена
18.04.2025 - 22.04.2025 Хотел 3* 2 ноќевања со појадок Двокреветна возрасен

1

Будимпешта Kралица на Дунав, полна со култура и со романтични мостови и булевари. Од трите града Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта.
Денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, трговски центар на Унгарија. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор.
Будимпешта успеа да ја зачува својата историска атмосфера на градот. Со прошетката низ улиците, ке го видите вековното наследство на градот. Ве очекуваат бројни скриени историски богатства, тајни и интересни заплети од минатото. Унгарскиот главен град станува сè попопуларен меѓу туристите - уште повеќе, Будимпешта стана толку популарна туристичка дестинација што во 2019 година ја освои престижната награда за најдобра европска дестинација, што не е случајно, бидејќи овој град ветува многу прекрасни атракции...
Главниот град на Австрија - Виена нуди спој на царски традиции, музика и симпатичен шарм. Град кој инспирира со старото и новото и секогаш има пријатно место во кафуле или винска таверна. Историјата на Виена датира од првиот постхристијански век, кога Римјаните го основале воениот камп Виндобона. Денешниот градски пејзаж се карактеризира со изобилство на барокни градби создадени главно под владеењето на царицата Марија Терезија (1740 - 1780) и Франц Џозеф (1848 - 1916), кој во голема мера бил одговорен за монументалната архитектура во центарот на градот.

 

2

Крстарење со брод по Дунав 25 Є
Разглед на Будимпешта со локален водич 15 Є
Целодневен излет Ден Естергом - Вишеград - Ст.Андреа 40 Є
Посета на Виена (влезница за Шенбрун не е вклучена)- 40 Є
Будимпешта
15 €
Детални информации
Крстарење
25 €
Детални информации
Национален ресторан Чарда
40 €
Детални информации
Сент Андреја
15 €
Детални информации
Виена
40 €
Детални информации
3

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : 
Автобуски превоз со туристички автобус;
2 ноќевања појадок во Будимпешта во хотел со 3*;
Посета на Сегедин;
Организација на аранжманот,
Придружник за време на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : 
Факултативните излети и посети,
Влезниците при посета на културно-историските споменици,
Патничкото осигурување (350,00 ден. по лице);

4

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави
распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при
уплатата во агенцијата може да доплати 10 € по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот) 
За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
Патниците се должни за време на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата дадени од страна на водичот.
Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
Важат општите услови на ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
https://turist.com.mk/opsti_uslovi.php

5

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

6

Ден 1

(18.04.2025 – петок) БИТОЛА 
Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во 14;30 часот. Поаѓање за Унгарија во 15;00 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Нови Сад...денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

Ден 2

(19.04.2025 – сабота) БУДИМПЕШТА 
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови...разглед на градот со стручен водич...Кралската Палата, Рибарските бастиони, црквата Св.Матејаш, Цитаделата која се наоѓа на брдото Гелерт - култно место од каде панорамата е неопислива...од таму се гледа Будимската тврдина, Парламентот, мостовите на Дунав, Пештанска страна, како и брдата на Буда...базиликата Св.Стефан, Lanc Hid (мостот на лавовите – првиот мост со кој бил премостен Дунав), Парламентот – ремек делото на Имре Штајндл во неоготички стил – најголема зграда во државата, Операта (правена по примерот на оваа во Виена), како и Плоштадот на Хероите – еден од симболите на Будимпешта, изграден 1896.година за цереминијата по повод 1000.години Унгарска држава...овде стојат 14 бронзани статуи на Унгарски великани и статуата на Архангелот Габриел, која ја освои Големата награда на светскиот саем во Париз 1900.година...сместување во хотел. Во вечерните часови – заминување на „Ваци“ – единствена амбиентална улица од таков вид во Европа...препорачуваме посета на најстарата слаткарница во Централна Европа – GERBEAUD, која се наоѓа на плоштад Ворошмарти...факултативно крстарење со брод по Дунав, со кое ќе ја комплетирате оваа магична ноќ...Ноќевање. 

Ден 3

(20.04.2025 – недела) БУДИМПЕШТА – ВИЕНА 
Појадок. По појадокот – слободно време за индивидуален разглед на градот или факултативна посета на Виена...панорамски разглед на градот - Панорамски разглед на градот во стручен водич...обиколка на летната резиденција на Хабзбурговците – замокот Шенбрун, палатата Белведере, комплексот Хундертвасер, Рингштрасе, Ратхаус (резиденцијата на градоначалникот на Виена), црквата Вотив, Опера, Универзитетот, Парламентот, споменикот на Марија Терезија – каде завршува панорамскиот разглед, а започнува пешачката тура низ замокот Хофбург (зимската резиденција на Хабзбурговците), па преку улицата Грабен стигнуваме до велелепната катедрала Свети Стефан, каде и завршува разгледот на овој прекрасен царски град...слободно време за индивидуален разглед на градот или едноставно – уживање во Виенско кафе и парче торта Захер... Враќање во Будимпешта во раните вечерни часови. Посета на „Чарда“ со комплетно мени и програма (факултативно). Ноќевање.

Ден 4

(21.04.2025 – понеделник) БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕЈА - СЕГЕДИН - МАКЕДОНИЈА 
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминуваме за СЕНТ АНДРЕЈА (СЕНТЕНДРЕ), едно мало етно-село, врамено во живописен, прекрасен природен амбиент со кривулестата река (Дунав), блиските ридови и планини. Природниот преглед на историскиот град е величествено и уникатно надополнет со човечки креации... кривулести и тесни улици со калдрма, тесни улички, мали куќички во центарот на градот потпрени една на друга и фино обрабени барокни патеки. Уникатниот медитерански градски пејзаж на Сентендре потекнува од српските, македонските, далматинските и грчките доселеници кои се доселиле на овие простори под водство на патријархот Арсеније Чернојевиќ III во 1690 година, по ослободувањето на Унгарија од Турците...слободно време за уживање во бројните ресторани, снек-барови и слаткарници (местото е исто така познато по изработката на разни креации од марципан). Се упатуваме кон градот Сегедин, најсончевиот град кој лежи на реката Тиса. Четврт најголем град во државата, најпознат по гулашот, но и шопингот. Сегедин е познат универзитетски град во кој ќе уживате во бројните туристички атракции кои го красат градот. После кратката прошетка и разглед на градот, слободно време за шопинг. Состанок на групата на претходно закажаното место. Планирано поаѓање за Македонија околу 19.00 часот. 

Ден 5

5.ДЕН : (22.04.2025 – вторник) МАКЕДОНИЈА
Ноќно патување, со кратки попатни одмори. Пристигнување во Битола во пладневните часови – наредниот ден.

img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Објект
Немате избрано објект.

Соба
Немате избрано соба.

Цена на соба

0.0 мкд

Доплати
Цена на доплати

0.0 мкд

Факултативи
Цена на факултативи

0.0 мкд

Попуст
tekst

0.0 мкд

Вкупно

0.0 мкд

Патуваме заедно со Вас од 1994 година.

Резервација
Цена на соба

Цена на доплати

Цена на Факултативи

Вкупна цена

Патници

Возрасни
1