string(2) "90"
string(0) ""

Лисабон и Порто

Лисабон и Порто

Држава

Потругалија

Регион

Долина Тежо

Град

Лисабон

Категорија

Март

ДатумСместувањеУслугаТип на собаЦена заЦена
14.03.2025 - 20.03.2025 Хотел 3*/4* 6 ноќевања со појадок Двокреветна возрасен

1

ПОРТУГАЛИЈА   
Лисабон, срцето на Португалија, најзападната европска метропола сместена на седум ридови, со звукот на музиката Фадо и вкусот на најубавото португалско вино. 
Порто, импресивен и харизматичен. Спој на традиционалното и модерното.  

ЛИСАБОН И ПОРТО
Авион/ 14 Март/ 7 дена
999 евра

 

2

Коимбра 15 Є
Околината на Лисабон 95 Є
3

Цената вклучува:
Авионски превоз Скопје-Белград-Порто и Лисабон-Белград-Скопје
Аеродромски такси
Багаж за чекирање до 20 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
Трансфер од Аеродромот до хотелот во Порто
Трансфер од хотелот во Порто до хотелот во Лисабон
Трансфер од хотелот до Аеродромот во Лисабон
2 ноќевања со појадок во Хотел Timbre Heroismo 4* во поширокиот центар на Порто
4 ноќевања со појадок во Хотел HF Fenix Garden 3* во центарот на Лисабон
Разглед и прошетки во Порто според програмата
Разглед и прошетки во Лисабон според програмата
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената не вклучува:
Туристичка такса (се плаќа во хотелите на рецепција)
Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) 95 Є
Посета на Коимбра и Обидош 30 Є
Карти за локален превоз (метро)
Патничко-здравствено осигурување

4

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
Цените се дадени во Є, уплата во денари по курс 1 Є = 62 денари
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

Важат општите услови на ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
https://turist.com.mk/opsti_uslovi.php

 

5

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

6

Ден 1

14. Март (Петок) СКОПЈЕ – БЕЛГРАД – ПОРТО
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 02:30 часот. Полетување за Белград во 04:00 и пристигнување во 05:10 часот. Полетување во 07:05 и пристигнување во Порто во 09:50 часот. Возење покрај Атлантскиот Океан со фото пауза во зоната на тврдината Сао Франциско од каде се пружа привлечен поглед на крајбрежјето. Трансфер до хотелот со запознавање со вториот град по големина во Португалија, кој во 1996 година е поставен на листата на УНЕСКО како дел од светското наследство: Плоштадот Батаља, Црквата Сан Илдефонсо, улицата Света Катерина... Сместување во хотелот. Прошетка низ центарот на Порто, со слободно време за уживање со добро кафе во кафе барот Мажестик. Ноќевање.

Ден 2

15. Март (Сабота) ПОРТО
Појадок. Разглед на стариот дел од Порто: Катедралата, железничката станица Сао Бенто изградена во стилот на француската ренесанса, Плоштадот Слобода, Авенијата Алиадос, Универзитетот, Кулата
Клеригос, Берзата, Црквата на Свети Франциско со позлатени барокни резби… Порто е нераскинливо поврзан со реката Дуоро, каде се наоѓа впечатливиот мост Дон Луис, изграден од ученикот на познатиот Ајфел. Прошетката продолжува преку мостот до градот Вила Нова де Гаја кој изобилува со вински подруми. Можност за дегустација на локалните вина, од категоријата на најдобри европски вина, кои ги прославија Порто и долината на реката Дуоро со своите лозја и винарските визби.Можност за крстарење по реката Дуоро и прошетка по втората значајна пешачка улица Rua das Flores. Ноќевање.

Ден 3

16. Март (Недела) ПОРТО – КОИМБРА – ОБИДОШ - ЛИСАБОН
Појадок. Организиран трансфер до Лисабон. Препорачуваме попатна посета на симпатичното место Коимбра, каде се наоѓа еден од најстарите Универзитети во Европа. Прошетка низ историскиот дел на некогашниот главен град на Португалија при што ќе се види Универзитетскиот комплекс, старата и новата Катедрала, Кулата Алмедина, Црквата Санта Круз... Прошетката продолжува во централниот дел на Португалија. Малото сликовито гратче Обидош, кое поради стратешката позиција секогаш било предмет на интерес на португалските кралеви, всушност е најдобро сочувано средновековно место во земјата. Без сомнение, тоа е едно од најживописните и најромантичните гратчиња со карактеристични тесни, калдрмисани улички и шарени куќи. Обидош е познат и по локалниот специјалитет жинжа – ликер кој се пие од чоколадна чашка. Сместување во хотелот во Лисабон во вечерните часови. Ноќевање.

Ден 4

17. Март (Понеделник) ЛИСАБОН
Појадок. Разглед на португалскиот главен град кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик: започнуваме со најпознатиот лисабонски кварт – Белем, кој е под заштита на УНЕСКО. Ќе го видиме еден од симболите на градот, прекрасната кула Белем, која изгледа како да е изградена од песок, а некогаш служела за одбрана на градот. Од тука се пружа прекрасен поглед на мостот 25. Април, кој потсетува на мостот Голден Гејт во Сан Франциско. Потоа одиме до споменикот на славните португалски морепловци и нивните откритија, со кратко застанување на местото од каде славниот Васко де Гама испловил на патување до Индија. Разгледот продолжува до уште еден симбол на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век, ремек дело на мауелската архитектура. Слободно време за посета на најпознатата лисабонска слаткарница Пастел де Белем од 1837 година и можност да се вкуси истоименото колаче. Вечерна прошетка по Плоштадот Маркиз де Помбал и елегантната Авенија на Слободата до плоштадите Рестаурадорес и Росио. Ноќевање.

Ден 5

18. Март (Вторник) ЛИСАБОН – ПАРК НА НАЦИИТЕ
Појадок. Прошетка до Паркот на Нациите, комерцијален и резиденцијален кварт, каде се одржа светската изложба EXPO. Местото е полно со атракции, ресторани и продавници, а во близина се наоѓа и прочуениот Океанариум, втор по големина во светот, со повеќе од 10.000 растителни и животински видови. Препорачуваме возење со жичарата со панорамски поглед кон вториот најдолг мост во Европа „Васко де Гама“, со должина од 17 километри. Ноќевање.

Ден 6

19. Март (Среда) ЛИСАБОН И ОКОЛИНАТА
Појадок. Факултативна екскурзија до Синтра, сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства. Посета на бајковитата палата Пена, една од најпрепознатливите палати во Португалија, изградена во 19 Век во романтизам. Се наоѓа на брдо над Синтра, а поради својот раскош и убавина е под заштита на УНЕСКО. Палатата е препознатлива по јаките бои со кои се обоени терасите и кулите и така претставува совршен контраст со зеленилото кое ја опкружува. Слободно време за вкусување на традиционалните колачиња каежадас. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа, 'ртот Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а, денес познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло. Вечерта, препорачуваме вечера со ритамот на специфичната португалска музика Фадо. Ноќевање.

Ден 7

20. Март (Четврток) ЛИСАБОН – АЛФАМА – БЕЛГРАД – СКОПЈЕ
Појадок. Прошетка во центарот на Лисабон и покрај реката Тежо, во зоната на Плоштадот Комерцио и квартот Алфама – најстариот дел на Лисабон, познат по тесните улички со калдрма. Можност за возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на централниот дел на Лисабон. Во срцето на стариот дел се наоѓаат Катедралата, Црквите посветени на Св. Антонио и Св. Винсент, како и националниот Пантеон. Организиран трансфер до Аеродромот во Лисабон. Полетување за Белград во 17:20 часот. Пристигнување во Белград во 22:10 и полетување за Скопје во 00:30. Слетување во Скопје во 01:35 часот.

img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Објект
Немате избрано објект.

Соба
Немате избрано соба.

Цена на соба

0.0 мкд

Доплати
Цена на доплати

0.0 мкд

Факултативи
Цена на факултативи

0.0 мкд

Вкупно

0.0 мкд

Патуваме заедно со Вас од 1994 година.

Резервација
Цена на соба

Цена на доплати

Цена на Факултативи

Вкупна цена

Патници

Возрасни
1