Во цената е вклучен и превоз Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија - Кушадаси и обратно.
За превоз од Битола / Прилеп / Штип / Кочани - Кушадаси се доплаќа 10 € по лице
Положба: Хотелот Roxx Royal е лоциран во самиот центар на градот Кушадаси. Во близина на хотелот се наоѓаат сите неопходни туристички атракции, маркети, ресторани, барови, банки, продавници за сувенири. Хотелот е оддалечен на 400 метри од градската плажа и на 2.5 километри од плажата Ladies Beach.
Услуга: Хотелот е на база HB (ноќевање, појадок и вечера). Хотелот располага со еден ресторан кој располага со затворен и отворен дел. Во овој ресторан гостите може да пробаат разновидни регионални и интернационални јадења. Хотелот исто така располага со еден бар.
Бесплатни услуги: користење на главниот ресторан за време на доручек, Wi-Fi конекција, паркинг, базен на отворено, лежалки и чадори покрај базенот, ТВ салон, клима.
Услуги со доплата: Пијачки во барот, лежалки и чадори на плажа, сеф, телефон, медицински услуги,водени спортови.
Содржини: Хотелот располага со еден ресторан, еден бар, паркинг, 24/7 рецепција, надворешен базен, градина.
Плажа: Хотелот е оддалечен на 400 метри од градската плажа и на 2.5 километри од плажата Ladies Beach.Оваа песочна плажа е препознатлива по нејзината локација, која е блиску до центарот на градот и по нејзината чиста вода. Во близина на плажата се наоѓаат безбројни ресторани во кои се служат превкусните турски специјалитети, ресторани за брза храна, лежалки и чадори, водени спортови, кабини за пресоблекување и тоалети.
Спорт и забава: Водени спортови, одбојка на плажа, дестско игралиште.