Положба: Хотелот е сместен во сопствен приватен залив, опкружен со карпести брегови, што му дава уникатна изолација и прекрасен панорамски поглед на Егејското Море. Се наоѓа на околу 3 км од центарот на Кушадаси и неговите главни шопинг зони, ресторани и ноќен живот. Марината во Кушадаси е оддалечена на околу 5 минути возење.Услуга: Услуга во хотелот All Inclusive (се вклучено) што опфаќа појадок, ручек, вечера и ужина - шведска маса, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци.
Главен ресторан со европска и турска кујна, a-la-carte ресторани (италијански и рибен), неколку барови (лоби бар, бар покрај базен, бар на плажа) и ноќен клуб.
Бесплатни услуги: Користење на надворешни базени и детски базен, аква парк со водени тобогани, лежалки и чадори на приватната плажа и покрај базените, Wi-Fi интернет во јавните простории, фитнес центар и паркинг, детско игралиште и мини клуб за деца.
Услуги со доплата: Услуги во спа центарот (масажи, третмани за лице и тело), водени спортови (нуркање, скијање на вода), доктор на повик, услуги за перење алишта, рент-а-кар, пијалоци по 23:00 часот (зависно од концептот) и увозни алкохолни пијалоци.
Содржини: Приватна плажа, 2 надворешни базени, внатрешен базен, спа и велнес центар (турска бања, сауна, џакузи), продавници, фризерски салон и менувачница.Плажа: Хотелот има сопствена приватна песочна и бетонска плажа (понтони) во рамки на заливот. Познатата плажа Ladies Beach е оддалечена околу 6.8 км. Поради специфичната конфигурација на теренот, пристапот до плажата е со лифт или скали.
Спорт и забава: Тениски терени, фудбалско игралиште, кошарка, одбојка на плажа, пинг-понг, билијард, дневна и вечерна анимација, жива музика и диско клуб.