Положба: Flora Suites хотелот е лоциран на 700 метри од најдолгата песочна плажа во Кушадаси Long Beach. Хотелот располага со свој приватен дел на плажата. Овој хотел се наоѓа на околу 6 километри оддалеченост од центарот на градот.
Услуга: Хотелот е на база All Inclusive (појадок, ручек и вечера - шведска маса). Располага со еден ресторан во затворен и отворен простор. Гостите имаат можност секојдневно да уживаат во разновидните јадења кои се служат во ресторанот на овој хотел. Хотелот исто така располага со два барови (Lobby Bar, Pool Bar)
Бесплатни услуги: Користење на ресторанот и баровите, превоз до плажа, лежалки, чадори на плажа како и во областа покрај базенот, користење на базените, Aqua Park, тениско игралиште, кошарка, мини-голф, одбојка, игралиште за деца, билијард, паркинг, анимација (дневна и вечерна).
Услуги со доплата: Алкохолни пијалоци, свежо цедени сокови, сервис за перење на алишта, минибар, сеф, медицински услуги, собни услуги, водени споротови.
Содржини: Хотелот располага со еден ресторан, два барови, два базена, детски базен, сопствена плажа, Aqua Park, градина, тераса, тениско игралиште, кошарка, мини-голф, одбојка, игралиште за деца, билијард, паркинг, услуги на медицински установи, услуга за организирање на туристички факултативи, анимација (дневна и вечерна).
Плажа: Своја приватна плажа која е дел од една од најубавите песочни плажи во Кушадаси. Плажата е исто така препознатлива по чистата тиркизна вода. Плажата располага со чадори и лежалки. Во близина на плажата се наоѓаат безбројни ресторани во кои се служат превкусните турски специјалитети, ресторани за брза храна, барови, водени споротви, кабини за пресоблекување и тоалети.
Спорт и забава: Водени спортови, Aqua Park, билијард, тенис, кошарка, мини-голф, одбојка на плажа, игралиште за деца, анимација (дневна и вечерна).