22.10.2026
Организиран превоз од повеќе градови. Планирно поаѓање околу 23:30 часот од Битола. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Сатници се одредуваат два дена пред поаѓање заради организација на пријавени патници од повеќе градови. Агенцијата е должна да ги извести патниците за место и време на поаѓање.
23.10.2026
Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, посета на Острошки Манастир, изграден на карпи на 900 мнв. во 17 век, каде чудата не престануваат. Околу 2 часа ке се задржиме во Острог, продолжување за Будва. Сместување во хотел. Во договорено време со водичот се посетува стариот град во Будва. Слободно време. Ноќевање.
24.10.2026
Појадок. По појадокот Факултативен излет до Дубровник со вклучен траект на заливот Бока Которска. Пристигнување во Дубровник разглед на градот со локален водич, прошетки низ Стариот град Дубровник, Страдун, Тврдината итн… Дубровник е една од најпопуларните хрватски дестинации за туристите. Туристите од целиот свет доаѓаат да ја почувствуваат историјата на стариот град Дубровник и неговите ѕидини. Ѕидините се градени неколку векови, паралелно со развивањето на градот како трговска велесила. Тогашната Република Дубровник била принудена да изгради огромни ѕидини околу градот за полесно да се одбрани од напади…Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време со водичот враќање за Будва. Ноќевање.
25.10.2026
Појадок. По појадокот факултативна посета на градовите Котор и Тиват. Се упатуваме према Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Околу 2 сати ќе бидеме во Котор па во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват место каде што ужива и одмара светскио џет-сет. Во договорено време состанок со групата и поаѓање кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.
Напомена!!
Патниците кои нема да доаѓаат на факултативната посета во Котор, остануваат во Будва и ќе бидат информирани од водичите за време и место на поаѓање од Будва.